Дома Фудбал Столе Димитриевски голман на колото во Шпанија!

Столе Димитриевски голман на колото во Шпанија!

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски и понатаму продолжува со одличните настапи на голот на Рајо, а доказ за тоа е новиот избор во тимот на колото.

Димитриевски беше одличен во ремито без голови на Рајо на гости против Валенсија, па така доби најдобра оценка помеѓу голманите за изминатиот викенд.

Неколку пати во текот на сезоната Димитриевски беше во идеалните 11, а во изминатиот период го привлекува вниманието и поради неговата иднина. Засега не е сигурно дека и наредната сезона ќе го гледаме на голот на Рајо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…