Дома Македонски спорт Стоилов: Оваа репрезентација е на вистински пат, видовме дека можеме и без Лазаров

Стоилов: Оваа репрезентација е на вистински пат, видовме дека можеме и без Лазаров

stoilov

Македонската репрезентација денес одигра храбро против Словенија, но на крајот сепак бевме поразени со 27:25.

Сепак, нема зошто да се разочаруваме. Денес одигравме еден добар натпревар, а пресудни беа техничките грешки и искуството на Словенија. Словенија е репрезентација со играчи кои играат во најсилните европски клубови, додека ние сме репрезентација која се гради.

Стојанче Стоилов е еден од најискусните во нашата селекција и изрази задоволство од играта денес.

„Прво честитки до Словенија за победата. Денес не одиграа најдобро затоа што ние ги натеравме да играат така. И недостасува искуство на оваа репрезентација, немавме и среќа да освоивме бод или да победиме денес. Се надевам дека ваква игра само со помалку технички грешки ќе прикажеме и на следните два натпревари“.

Македонија денес на теренот беше без Кире Лазаров кој поради повреда ја имаше само улогатан а селектор.

„Киро не ги граше пријателските натпревари и се навикнавме и без него, момците видоа дека можат без него. Правевме грешки во одредени моменти поради избрзувањето и неискуството. Видовме дека можеме и вака, промена на генерации мора да има, а оваа репрезентација е на вистинскиот пат“, изјави Стоилов.

Следниот натпревар на Македонија е против Црна Гора во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…