Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици.

Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи „црвено-црните“ влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во СЕХА лигата, а потоа и во Лигата на шампионите (ЛШ).

Тој засега е неизвесен за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје следниот викенд, а потоа Врадар го чека двомечот со Кил во ЛШ за пласман на фајналфор турнирот  во Келн.

Претходно беше соопштено дека и капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по барање на неговиот клуб Нант нема да настапи против Русија.

Саботниот натпревар е дел од подготовките пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар е подготвен за Нант, утре дома оди по првите бодови во ЛШ!

Ракометарите на Вардар утре го играат натпреварот против Нант во рамките од второто коло в…