Дома Фудбал Италија Стигна суспензијата од Серија А: Пандев нема да игра за Џенова до крајот на оваа година

Стигна суспензијата од Серија А: Пандев нема да игра за Џенова до крајот на оваа година

Горан Пандев нема да настапува за Џенова до крајот на оваа календарска година.

Македонскиот фудбалер беше казнет со два натпревари суспензија поради црвениот картон против Лече. Пандев откако беше исклучен влезе во конфликт со судијата и поради место еден натпревар суспензија, Серија А го казни со два натпревари. Ова значи дека Пандев нема да настапи во 2019 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пандев нема да може да помогне на својот тим во натпреварите со Сампдорија на 14. декември и на гостувањето кај неговиот поранешен тим, Интер на 21. декември.

Првиот натпревар на кој ќе има право за настап е на 5. јануари кога Џенова ќе игра против Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роберт Левандовски ќе се пресели во Милано без надоместок?

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ, 37-годишниот полски напаѓач, е предложен како потенцијално засилување …