Дома Македонски спорт Стигна потврда: Јаховиќ преговара за трансфер!

Стигна потврда: Јаховиќ преговара за трансфер!

Во текот на вчерашниот ден од турските медиуми се појави информација дека Газиантеп сака да го купи македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ кој сезонава игра одлично за Малтијаспор. Потврда за интересот на Газиантеп за Јаховиќ стигна од првиот човек на клубот, Мехмет Бијикеши.

Поранешниот македонски репрезентативец со 11 гола е трет стрелец во турската Суперлига. Јаховиќ од доаѓањето во Турција во 2016 година игра одлично, прво во Гозтепе, Коњаспор и сега во Малатија.

Газиантеп е во потрага по напаѓач и веќе започнале преговори со Јаховиќ.

„Да започнавме преговори со менаџерот на Јаховиќ. Сепак, во овој момент не можам да ви кажам каква ситуацијата затоа што и ние немаме јасна слика, чекаме“, изјави претседателот на Газиантеп, Бијикеши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Русите сакале со валутна клазула да го изиграат Манџукиќ: Напаѓачот веднаш се прекинал

Марио Манџукиќ требаше кариерата да продолжи во Локомотив Москва, но тоа нема да се случи.…