Дома Фудбал Англија „Стенфорд Бриџ“ станува минато, Челзи сака стадион од 60.000 места?

„Стенфорд Бриџ“ станува минато, Челзи сака стадион од 60.000 места?

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели, ја разгледува идејата за изградба на нов стадион, со што сегашниот „Стемфорд Бриџ“ би станал минато.


Роналдо плаче за гол, ќе слави ли Србија? - 13 ден ↓↓↓



Првичните планови за нов стадион на Челзи датираат од 2013 година, кога Роман Абрамович собираше информации за изградба на помодерен објект. Но, тогаш округот Фулам, каде што се планираа градежните работи, одби да издаде дозвола за таа идеја, па Челзи до денес остана на иконскиот „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, сегашниот шеф Тод Боели повторно ја започна истата приказна, но таа е далеку од реализација. Се зборува за арена со 60.000 седишта, која би била во опсегот на новоизградените стадиони како што е, на пример, стадионот на Тотенхем.

Планот треба да се најде на увид во текот на зимата, а потоа би се преземале понатамошни чекори за идните работи.

Челзи игра на „Стенфрод Бриџ“ од 1905 година, кога стадионот, откако првично беше користен за атлетски цели, му беше понуден на Фулам, кој не сакаше да игра на тоа место, за „сините“ да ја прифатат градската идеја. во моментов капацитетот на стадионот е нешто помалку од 42.000 места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Енрике лаже! Еве доказ дека го знаел резултатот на Германците🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Вистинска драма …