Дома Фудбал Италија Статистиката покажа: Киелини подобар од целата одбрана на Тотенхем

Статистиката покажа: Киелини подобар од целата одбрана на Тотенхем

Јувентус синоќа направи извонреден пресврт на „Вембли“ и го елиминираше Тотенхем од ЛШ, а еден од најзаслужните е дефанзивецот Џорџо Киелнини кој комплетно го неутрализираше Хари Кејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според податоците на „InStat“, Киелини добил 10 воздушни дуели во средбата што е колку сите дефанзивци на Тотенхем земени заедно.

Ниту еден меѓу Киеран Трипиер, Дејвидсон Санчез, Јан Вертонген и Бен Дејвис не може да се пофали со показателите на италијанскиот ветеран. Тој освои вкупно 18 дуели и пресече 11 топки. Во оваа сезона, во сите натпреварувања, Киелини беше победник во 10,3 дуели во просек за 90 минути (4,8 од нив воздушни) и на натпревар спречувал во просек по 7,9 асистенции.

Неслучајно сајтот „Football-italia“ го избра Киелини за играч на натпреварот, иако Гонзало Игуаин постигна гол и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со четири бомби“

Светското првенство во фудбал не се водеше само на теренот. Додека репрезентациите водеа б…