Во последните денови многу се пишуваше за желбата на Интер да го доведе Аргентинецот од редовите на ПСЖ, Ди Марија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ со големи амбиции влегуваат во овој преоден рок, а една од нивните желби е како што споменавме Ди Марија кој зад себе има одлична сезона во ПСЖ.
Сепак според последните информации кои стигнуваат од Италија изгледа дека за овој фудбалер ќе се води жестока борба и тоа помеѓу два најголеми ривали во Италија, Интер и Јувентус.
Управата на Интер контактот со агентот на Ди Марија го оствари пред некоку дена, додека Марота и друштво во текот на вчерашниот ден ги остварија првите контакти.