Станува се појасно дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед, барем таква е неговата желба.




Роналдо и втор ден по ред не се појави на подготовките за новата сезона, причините се уште не се откриваат и стои само одговор „лични причини“.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Англискиот новинар Дејвид Орстејн објави дека Роналдо не сака да оди ниту на турнејата во Тајланд и Австралија. Новиот стратег Ерик Тен Хаг инсистира Роналдо да биде во тимот затоа што се уште има договор со Манчестер Јунајтед.




Неговите отсуства од тренинзите засега се објаснуваат како вршење притисок врз управата да биде продаден во овој преоден рок.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!