Дома Фудбал Останато Станковиќ и закажува на Звезда пријателски натпревар со Интер?

Станковиќ и закажува на Звезда пријателски натпревар со Интер?

Дејан Станковиќ неодамна беше назначен за нов тренер на Црвена Звезда.

Станковиќ си го формираше стручниот штаб, преодниот рок наскоро започнува, а припремите ќе започнат после Божиќ. Дејан Станковиќ изгледа како човек спремен да ги превземе работите во свој раце иако е новајлија во тренерската работа.

 Една од главните предности кои може да ги донесе Станковиќ за Звезда се неговите контакти. Првите најави пристигнуваат од Италија. Медиумите на „Чизмата“ пишуваат дека шефот на стручниот штаб на Звезда работи на тоа Интер и Звезда да одиграат пријателски натпревар, кој би се случил во текот на летото. Засега е само идеја бидејќи не е познато каде и кога Антонио Конте ќе ги води „Нероаѕурите“ на припреми, но и какви ривали сака во приремниот период.

Натпреварот помеѓу Звезда и Интер секако би бил посебен поради тоа што Станковиќ важи за вистинска легенда на италијанскиот клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите помеѓу Милан и Рангник во застој

Преговорите меѓу Милан и поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник се во застој, прен…