Дома Фудбал Репрезентации Стадиони, историја, време на натпреварите – се за Копа Америка!

Стадиони, историја, време на натпреварите – се за Копа Америка!

0

Копа Америка 2019 ќе се одржи 46-ти пат по ред, а тоа меѓународен фудбалски турнир кој се одржува за фудбалските репрезентации од Јужна Америка. Овој фудбалски турнир е организиран од страна на КОНМЕБОЛ.

Истиот е закажан во термин од 14 јуни до 7 јули 2019 година. Ќе се одржи во Бразил поточно во 5 градови, односно 6 стадиони. Во ова натпреварување Чиле влегува како бранител на титулата од претходните две изданија.

Историја на Копа Америка

Копа Америка е најстариот фудбалски меѓународен турнир, а тоа го докажува и податокот дека ова натпреварување постои уште од 1916 година. Постојани земји учесници во овј турнир се Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Перу, Уругвај и Венецуела. Две селекции се повикуваат од другите конфедерации и со тоа се заклучува бројот на учесници.

Избор на домаќин на Копа Америка

Домаќинот на Копа Америка го одредува КОНМЕБОЛ по азбучен ред, но во 2015 година требаше да биде Бразил, па поради летните олимписки игри, тоа претрпе мала измена и како домаќин беше назначен Чиле, па сега практично се прави вратка и улогата на домаќин ја има Бразил. На тој начин КОНЕМБОЛ во 2012 година одлучи да се промени редот на домаќините и сега веќе се си иде на своето место. Копа Америка 2019 ќе биде последното издаение кое се игра во непарни години, па веќе од 2020 турнирот ќе се одржува во истата година како и Европското првенство.

Стадиони

На 14-ти Јуни 2018 година се објавија стадионите, односно градовите кои ќе бидат домаќини на овој турнир. Списокот е составен од Рио де Жанеиро, Порто Алегре, Бело Хоризонте, Сао Паоло и Салвадор.

Во Рио де Жанеиро ќе се игра на стадионот Маракана кој има капацитет од 74.738 гледачи и во бразил важи за најголем храм на фудбалот.

Сао Паоло располага со два стадиони, Морумби и Арена Коринтијанс кој можат да нагостат 67.428 гледачи, односно Арената Коринтијанс 49.205 фанови на фудбалот.

Стадион Морумби

Бело Хоризонте го има стадионот Минеирао кој има капацитет од 58.170 седишта.

Во Порто Алегре натпреварите ќе се одржуваат на стадионот Арена де Гремио кој располага со 55.662 седишта.

Салвадор ќе ги пречекува фановит на стадионот Арена Фонте Нова кој има капацитет од 51.900 седишта.

Репрезентации

Во ова 46-то издание на Копа Америка 2019 ќе гледаме 12 репрезентации. Тоа се Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Еквадор, Парагвај, Перу, Уругвај, Венецуела и поканетите гости Јапонија и Катар.

Одлуката за покана на репрезентации ја носи КОНМЕБОЛ и за ова издание тоа беше утврдена на 4 мај.

Ждреб и групи

Ждрепката се врши според четири шешири, па од секој шешир се избира по една репрезентација и на тој начин се составуваат групите.

Шешир 1
Бразил, Уругвај, Аргентина

Шешир 2
Колумбија, Чиле, Перу

Шешир 3
Венецуела, Паргвај, Јапонија

Шешир 4
Еквадор, Боливија, Катар

Откако ждрепката беше реализирана се составија три групи, А, Б и Ц со по четири репрезентации.

Правила за натпреварување

Како и сите поголеми турнири, така и Копа Америка 2019 ќе се одржи во две фази, групна и нокаут односно елиминациона фаза.

Групната фаза започна на 14-ти јуни, додека нокаут фазата стартува на 27-ми јуни. Во ¼ финалето се сретнуваат победникот на група А и трето пласираниот од друга група.  Второто место од групите игра меѓусебно.

Финалето е закажано на 7-ми јули во Рио Де Жанеиро.

Најмногу титули во Копа Америка

Најмногу освоени титули до сега има репрезентацијата на Уругвај, дури 15, па потоа следува Аргентина со 14, Бразил со 8, додека Паргвај, Чиле и Перу имаат по две титули.

Како до билет за Копа Америка?

На официјалниот веб сајт од ова натпреварување го има и ценовникот на билети. Секој што сака да присуствува на овој настан ќе мора од својот џеб да оддели од 60 па до 890 бразилски реали или во превод од 14 до 200 евра. Цената е во зависност од категоријата која би ја избрале.

Сатници за натпреварите

Генерално термините за натпреварите ќе бидат лоши за нашата временска зона, бидејќи истите се закажани најрано во 21:00, а најдоцна во 02:30 по полноќ.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…