Дома Фудбал Останато Стави потпис на нов договор, а сега ОТКРИ кој е најдобриот играч со кого играл!

Стави потпис на нов договор, а сега ОТКРИ кој е најдобриот играч со кого играл!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело се соочи со незгодно прашање, кој според е најдобриот фудбалер со кого играл во текот на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, изгледа имаше спремено одговор и без многу размислување одговори, Кристиано Роналдо.

„Имав чест да играм со некои од најдобрите фудбалери во историјата, како што се Роналдо, Роналдињо или Ван Нистерлој, но би кажал дека Кристиано е најдобриот фудбалер со кого сум играл“, изјави Марсело.

Секако, никој не очекуваше даде поинаков одговор, посебно бидејќи е во одлични односи со Кристиано, а рака на срце и признанијата од ФИФА доволно говорат за квалитетот на Португалецот.

Да потсетиме, Марсело е член на Реал од 2007 година кога пристигна од бразилскиот Фламиненсе, а неодамна го продолжи својот договор до 2022 година. За „кралевите“ дебитираше против Депортиво Ла Коруња на 7 јануари 2007 година на само 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…