Дома Трансфер зона Срна објасни зошто ја одбил Барселона!

Срна објасни зошто ја одбил Барселона!

Хрватскиот фудбалер Дарио Срна ја одби понудата на Барселона и реши својата кариера да ја продолжи во Шахтјор, каде најверојатно ќе ја заврши кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона го сакаше Срна како замена за Дани Алвеш на бековската позиција, но Хрватот вели дека само го послушал своето срце.

„Моето срце му припаѓа на Шахтјор. Останувам тука. Навистина сум среќен поради оваа одлука. Го послушав своето срце кое ми рече дека треба да останам во Доњецк. Ја донесов вистинската одлука, а понудата од Барселона не сакам да ја коментирам. Тоа би било непрофесионално“, порача Дарио Срна.

34- годишниот Срна во тимот на Шахтјор Доњецк се пресели во 2003 година од Хајдук, настапи на 513 натпревари и постигна 49 голови. Тој е капитен на тимот и жива легенда на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…