Дома Фудбал Србија има четири кандидати за наследник на Пикси, еден е фаворит

Србија има четири кандидати за наследник на Пикси, еден е фаворит

Како што стојат работите Драган Стојковиќ – Пикси повеќе нема да биде селектор на Србија, а во јавноста веќе се шпекулира за можните наследници.

Пикси иако самиот тврди дека репрезентацијата не разочарала на Европското првенство најголемиот дел од јавноста во Србија го критикува и бара смена.

Во овој момент се споменуваат четири имиња како можни наследници. Прв на листата со желби е Славиша Јокановиќ, кој има големо тренерско искуство и во англискиот фудбал каде што беше тренер на Вотфорд, Фулам…

Како алтернативи се споменуваат уште три тренери: Владимир Ивиќ, Мирослав Ѓукиќ и Саво Милошевиќ.

Останува во наредниот период да видиме што ќе се случува, а ќе потсетиме напосредно пред првенството Пикси потпиша договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…