Дома Фудбал Србите Литванците ќе ги мотивираат со пола милион евра!

Србите Литванците ќе ги мотивираат со пола милион евра!

Фудбалската репрезентација на Србија се уште има шанси за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Љубиша Тумбаковиќ во последните две кола влегуваат со бод помалку од Португалија и ќе чекаат евентуална сензација и губење на бодови на актуелниот шампион на Европа против Литванија и Луксембург.

Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи да направи се за Литванците да ги мотивираат да направат чудо, па така им спремиле награда за натпреварот против Португалија.

Раководството на ФСС понудило пола милиони евра како мотив за Литванците да ги изненадат Португалците и да им ја отворат вратата за ЕП.

Ако Литванците не успеат, не реално звучи дека Луксембург може да ги спречи Роналдо и друштвото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…