Дома Фудбал Репрезентации Србите изненадени: Голманот на Рома го одби повикот – сака да брани за друга репрезентација

Србите изненадени: Голманот на Рома го одби повикот – сака да брани за друга репрезентација

Чуварот на мрежата на Рома, Миле Свилар со своите настапи се наметна како број 1 во италијанскиот тим откако на клупата Даниеле Де Роси го наследи Жозе Мурињо.

24-годишниот голман прикажува одлични настапи, па така селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси го повика за натпреварите со Русија и Кипар кои Србија ќе ги игра на 21-ви и 21-ти март. Сепак, Свилар изненади со одлуката да го одбие повикот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, тој порачал дека нема да се јавува на повиците бидејќи сака да брани за друга репрезентација. Тој е роден во Белгија и настапуваше за младинските селекции. За Србија има еден настап и тоа му овозможува да избере друга репрезентација.

Белгија е негова желба, веројатно затоа што конкуренцијата на голманската позиција засега таму е помала. Во Србија тука се Ваља Милинковиќ – Савиќ од Торино, Предраг Рајковиќ од Мајорка и Ѓорѓе Петровиќ од Челзи. Од друга страна во Белгија сериозен конкурент му е само Куртоа кој во овој момент е и повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Летото за Барселона се претвори во кошмар, Флик доби уште една „корпа“

Летниот преоден рок за Барселона не оди според планот кога станува збор за засилувања во о…