Дома Останати Спринтерот на годината под истрага поради допинг!

Спринтерот на годината под истрага поради допинг!

Aмериканскиот спринтер Кристијан Колмен се наоѓа под истрага на Светската анти-допинг агенција поради сомневање дека избегнал допинг тестирање.

Како што пренесува „Би-Би-Си“ Колмен кој го имаше најбрзиот резултат во 2019 година на 100 метри (9.81) на три пати го пропуштил тестирањето и тоа привлекло внимание поради што е започната истрага. Во случај да биде потврдено дека е виновен, Колмен ќе заработи суспензија од една година.

Засега не се огласила Меѓународната атлетска федерација, како ни анти-допинг агенцијата на САД.

Ќе потсетиме Колмен минатиот месец беше најбрз на државното првенство САД на трката од 100 метри со време од 9.99.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познато колку ќе заработат Вајлдер и Фјури од борбата за титулата

Реванш борбата за титулата светски шампион во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Деонт…