Дома Македонски спорт Спортските натпревари и понатаму без публика

Спортските натпревари и понатаму без публика

Владата на Република Македонија објави соопштение од новата седница, на која се потенцира дека публиката на спортските натпревари и понатаму ќе биде забранета.

Се воведува олабавување на некои од рестриктивните мерки и се дозволува организирање на настани, спортските натпревари нема да спаѓаат во категоријата на настани, на кои ќе биде предвидена публика.

„Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, соопштија од Владата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Узеир на европскиот врв, Македонија го заврши домашното ЕП со девет медали

Нелсон Узеир освои злато, а македонските кикбоксери додадоа две сребра и шест бронзи на Ев…