Дома Фудбал Италија Спорните ситуации од натпреварот Милан – Јувентус (ФОТО+ВИДЕО)

Спорните ситуации од натпреварот Милан – Јувентус (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Јувентус вечерва ремизираа на „Сан Сиро“ (1:1) во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија.

Милан поголемиот дел од натпреварот беше подобар тим на теренот и стигна до предност во 61. минута со голот на Ребиќ. Но, работите се променија кога Тео Ернандез доби црвен картон десет минути подоцна, тогаш Јувентус ја превзема иницијативата на реренот.

„Старата дама“ се обидуваше да дојде до гол и до него стигна во судиското продолжение кога после прегледувањето на ВАР главниот судија Паоло Валери покажа на белата точка. Играњето со рака после ножичките на Роналдо беше очигледно на повторените снимки и може да се каже судијата не погреши.

Меѓутоа таква ситуација беше видена во натпреварот помеѓу Наполи и Интер, тогаш Де Фрај играше со рака во шеснаесетникот на „нероаѕурите“, но пенал не беше досуден. Тогаш главниот судија не покажа на белата точка веројатно затоа што Де Фрај беше свртен со грб, во таква ситуација беше и Калабрија.

Спорна ситуација имаше и кога Квардадо доби лакт без топка од Франк Кеси, а Паоло Валери и неговите помошници не се огласија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Канте ги пропушта скоро сите важни натпревари за Челси до крајот на сезоната

Многу лоши вести пристигнаа денес за Френк Лампард и неговиот Челси. Лондонскиот тим во кл…