Дома Фудбал Списокот на играчи за натпреварот против Виљареал ги откри плановите на Зидан

Списокот на играчи за натпреварот против Виљареал ги откри плановите на Зидан

Фудбалерите на Реал Мадрид утре ќе му гостуваат на Виљареал, а за овој натпревар Зинедин Зидан повика 19 играчи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал одамна нема амбиција во Ла Лига бидејќи остана без титулата, но секако во Мадрид сакаат да ја прекинат серијата слаби резултати и да запишат нова победа.

Од друга страна, Виљареал ќе биде многу помотивиран, бидејќи се уште го нема обезбедено опстанокот иако има пет бода повеќе во однос на тимовите од опасната зона.

Зидан повика 19 играчи за овој натпревар, а интересно е што на списокот го нема Герет Бејл. За Бејл веројатно овие недели се последни во Мадрид.

Да потсетиме, Бејл не е во добри односи со Зидан и кога се врати Французинот беше јасно дека Велшанецот мора да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oтворена е постапка против Вардар за вулгарната песна на прославата!

Бурни реакции во јавноста предизвика прославата на фудбалерите на Вардар по освоената шамп…