Дома Македонски спорт Мак фудбал Спировски: На вистински пат сме повторно да направиме нешто големо за Македонија

Спировски: На вистински пат сме повторно да направиме нешто големо за Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски е уверен дека националниот тим предводен од селекторот Благоја Милевски има сили и квалитет да се избори за уште едно учество на големо натпреварување.

Спировски остави силен впечаток на септемвриските натпревари против Ерменија, Исланд и Романија зборуваше за првичните впечатоци од соработката со новиот селектор.

„Впечатоците од нашата соработка со новиот селектор Благоја Милевски и стручниот штаб се повеќе од позитивни. Иако времето за подготовките пред септемвриските натпревари беше релативно кратко, имам само пофални зборови за почетокот на нашата соработка. Прв пат сме заедно, но веднаш се забележува неговата принципиелност во работата, како тренер, но и како човек, а тоа го потврдуваат и моите колеги кои веќе работеле со него. Мислам дека како тим ќе соработуваме добро во иднина“, изјави Спировски.

„Иако резултатски можеби не ги оправдавме очекувањата на македонските навивачи, сметам дека сме на вистински пат повторно да направиме нешто големо и Македонија да игра на големо натпреварување. Но, секако треба да сфатиме дека тимот е тој што го победува и најтешкиот и најсилниот противник. Ако сите се ставиме во функција на тимот и дишеме како едно тогаш сме на правиот пат“, изјави Спировски за ФФМ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Алегри

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. …