Дома Фудбал Спартак Москва на интересен начин го исмеа Баерн Минхен 📷

Спартак Москва на интересен начин го исмеа Баерн Минхен 📷

Рускиот фудбалски клуб Спартак Москва на својот Твитер профил објави шокантна „понуда“ што ја добил од Баерн Минхен.

Баварците им „понудиле“ отштета од 1.000 евра на Русите за нивниот играч Александар Соболев, но и многу интересни бонуси.

„Ви нудиме 1.000 евра плус бонуси: 10 милиони евра ако Баерн ја освои Евровизија, 15 милиони евра ако Манчестер Јунајтед освои трофеј и 20 милиони евра ако Лионел Меси се пресели во Реал Мадрид“, стои во „понудата“.

Спартак на овој начин сакаа да направат пародија и да го исмеваат Баерн поради последната понуда на германскиот гигант до Ливерпул за Сади Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…