Дома Фудбал Италија Спалети за зборовите на Гвардиола: Тоа е обична игра

Спалети за зборовите на Гвардиола: Тоа е обична игра

Пеп Гвардиола изјави дека Наполи е најдобриот тим во Европа, и истакна дека е фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

Меѓутоа, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети не е импресиониран од пофалбите на Гвардиола.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Напротив, Спалети смета дека тоа е само игра на тренерот на Манчестер Сити.

„Не се чувствувам горд на овие коментари. Знам дека тоа е само обична игра и ривалите се обидуваат да стават притисок врз нас“, изјави Спалети.

„Мислите сериозно дека Наполи може да се стави пред Манчестер Сити?  Како ние можеме да бидеме пред нив кога тие трошат 900, а ние 9 милиони евра. Јасно е дека тоа се само обични игри, зборови со кои се обидуваат да не пореметат и потоа да не срушат.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Физиотерапевт беше човекот кој последен жив го виде Жота: Опиша што се случувало пред несреќата

Фудбалерот на Ливерпул и португалскиот репрезентативец, Диого Жота, загина вчера заедно со…