Екипата на Јувентус би можела да се обиде да го доведе момчето кое ги донесе на чекор од шампионската титула во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Секако, станува збор за напаѓачот на Фиорентина, Џовани Симеоне кој во изминатиот викенд постигна хет-трик против Наполи и така го донесе Јувентус многу блиску до
Скудетото со оглед дека „старата дама“ има предност од четири бода на три кола пред крајот на првенството.
Одличните настапи на Аргентинецот и претходно беа под „лупа“ на големите клубови. Констатно се пишуваше за негов трансфер, а „Тутоспорт“ тврди дека во натпреварот против Наполи воодушевил многу клубови.
Помеѓу заинтересираните клубови за Симеоне е и Јувентус. Раководството на „старата дама“ наводно размислува за негово ангажирање.
Симеоне помеѓу „виолетовите“ пристигна од Џенова за 15 милиони евра и постигна 13 голови во досегашниот дел од сезоната. Претходно го носеше дресот на Ривер
Плата, а негов татко е стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.