Дома Фудбал Со само 16 години заигра за првиот тим на Селтик и ги воодушеви навивачите

Со само 16 години заигра за првиот тим на Селтик и ги воодушеви навивачите

Вчера во Шкотска беше одиграно последното коло во Премиер лигата.

Селтик повторно го освои насловот со девет бода предност пред Ренџерс, а во последниот натпревар го совладаа Хартс со 2:1.

Селтик пред неколку кола ја осигура титулата па така во овој натпревар можеше да игра малку поопуштено.

Тоа најдобро го покажува фактот дека на вчерашниот натпревар заигра 16-годишното чудо од дете Карамако Дембеле.

Дембеле влезе во игра на почетокот од второто полувреме и со неколку потези ги воодушеви навивачите на Селтик.

Тој пред неколку години сруши уште еден рекорд кога имаше само 13 години и заигра за тимот на Селтик до 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…