Дома Фудбал Со емотивна порака се огласи сопругата на Михајловиќ

Со емотивна порака се огласи сопругата на Михајловиќ

Фудбалскиот свет вчера беше погоден од cмpтта на Синиша Михајловиќ кој на 53-годишна возраст ја загуби битката со леукемијата.

Утрово со емотивна порака се огласи сопругата на Михајловиќ, Аријана.

„Кога веќе нема да бидеш дел од мене, ќе направам илјадници ѕвездички од сеќавањата на тебе и тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“, стои во објавата на Аријана.

Леукемијата кај Михајловиќ за првпат се појави во 2019 година, а откако еднаш се излекува, сепак болеста се врати и го зададе најтешкиот удар кој и голем борец како Михајловиќ не го издржа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Толисо го запре Сосиедад: Лион со бод од „Реале арена“

Реал Сосиедад водеше на полувремето со голот на Ори Оскарсон, но Корентен Толисо израмни н…