Дома Останати Кошарка Со драма во финишот: Србија ја доби Хрватска! (ВИДЕО)

Со драма во финишот: Србија ја доби Хрватска! (ВИДЕО)


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Во трилер завршница, Србија тесно го доби балканското дерби во Рио против најголемиот ривал Хрватска со 86:83.

Србија во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Австралија, а во второто полуфинале на кошаркарскиот турнир ќе се сретнат САД и Шпанија откако овие селекции ги совладаа Аргентина, односно Франција.

Балканската пресметка Србија-Хрватска донесе многу голема борба, незивесност и победа на Србија во пенал звршница. Младиот крилен центар на Денвер, Никола Јокиќ, во финишот погоди четири слободни фрлања со кои ја однесе Србија во полуфиналето.

Клучна беше третата четвртина. Откако на одмор се замина со 36:32 за Хрватска, Орлите го добија третиот дел со неверојатни 34:14, односно 66:50, па во последниот дел Хрватите се обидоа да се вратат, меѓутоа не успеаја за малку.

На Хрватите не им помогна ниту брилијантната игра на Бојан Богдановиќ кој со 28 поени беше најефикасниот актер на мечот. Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 18 поени, Јокиќ постигна 12, а Теодосиќ имаше учинок од девет поени и 10 асистенции.

Србија во полуфиналето кое на програмата е во петок на полноќ ќе игра против Австралија.

Втората полуфинална двојка ја формираа финалистите од пред четири години во Лондон, САД и Шпанија, кои убедливо славеа во дуелите со Аргентина односно Франција.

Американците бавно влегоа во мечот со Аргентина, во средишницата од првиот период имаа негатива од десет поени (9-19), но потоа се разиграа Дурент и Пол Џорџ и САД забележа убелива победа 105-78.

Шпанија ја декласира Франција со 92-67.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“ во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ѕвездата на Бруклин …