Дома Фудбал Состанокот меѓу Перез и Модриќ поминал лошо

Состанокот меѓу Перез и Модриќ поминал лошо

Мадридски Реал одлучи да го пријави Интер во ФИФА поради пристапот кон играч без дозвола од клубот.

Нероаѕурите се обидуваат на сите начини да го донесат хрватскиот фудбалер. И тој е заинтересиран за трансфер на Џузепе Меаца, но Реал не му дозволува.

Претседателот на клубот Флорентино Перез јасно порача дека Модриќ не е на продажба. Синоќешниот состанок на двете страни поминал лошо.

Хрватот добил јасна порака дека не може да замине, а Перез најавил пријава на Интер во ФИФА поради пристапот на Интер кон играчот.

Перез наводно му ветил на Модриќ дека може да замине од Реал ако ја освојат третата по ред титула во ЛШ. Иако тоа се случи, претседателот на Кралевите го прекрши ветувањето и Модриќ нема да оди нигде.

Хрватскиот фудбалер дресот на мадрискиот великан го носи веќе шест години.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвува разговори: Ван Дајк може да остане и по 2027 година

На „Енфилд“ се разгледува нов едногодишен договор за капитенот, но платата би можела да би…