Дома Трансфер зона Соработка на релација Манчестер – Торино: Јувентус ги сака Дармијан и Марсијал, а Јунајтед Манџукиќ!

Соработка на релација Манчестер – Торино: Јувентус ги сака Дармијан и Марсијал, а Јунајтед Манџукиќ!

После Пол Погба за кого го во 2016 година го срушија светскиот рекорд и платија 105 милиони евра, Манчестер Јунајтед би можел повторно да купува од Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат медиумите на Островот, Жозе Мурињо е заинтересиран во своите редови да го види Хрватот од редовите на „старата дама“ – Марио Манџукиќ!

На Португалецот му е потребен фудбалер од негов калибар кој може да помага и во одбраната, а според информациите Мурињо веќе го контактирал напаѓачот кој и претходно се поврзуваше со заминување од Јувентус.

Место за Манџукиќ на „Олд Трафорд“ би можело да се отвори и со заминувањето на Ентони Марсијал кој е токму на мета на Јувентус, па ова прилика и двете страни да го добијат тоа што го посакуваат. Покрај Марсијал, „старата дама“ претходно на големо се поврзуваше и со Матео Дармијан.

Договорот на Манџукиќ со Јувентус истекува во 2020 година, но како што споменавме Хрватот веќе се поврзуваше со заминување и големи се шансите наредната сезона да го гледаме во друг дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…