Дома Фудбал Останато Сопствениците на ПСЖ купија португалски клуб

Сопствениците на ПСЖ купија португалски клуб

Сопствениците на ПСЖ, „Катар Инвестмент“ купија 22% од португалскиот клуб Брага, пренесуваат тамошните медиуми.

Тоа е вториот фудбалски клуб во Европа кои го купува оваа групација, која започна да работи по примерот на „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на неколку клубови меѓу кои Манчестер Сити.

„Катар Инвестмент“ во 2019 година се обиде да го купи Лидс, но неуспешно, а сега купи процент од Брага за 80 милиони евра.

Брага никогаш не бил шампион на Португалија, а минатата сезона заврши на четвртото место и обезбеди учество во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Башкими конечно ги освои првите бодови во ПМФЛ!

Башкими го доби „дербито на дното“ против Скопје со 2-1 и конечно стигна до првите бодови …