Дома Топ вести Сопственикот на Челзи пристигна во Барселона на преговори

Сопственикот на Челзи пристигна во Барселона на преговори

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли лично пристигна во Барселона за да преговара со раководството на Каталонците за неколкуте трансфери кои двата клуба се обидуваат да ги договорат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вчера шпанските медиуми открија дека лондончани се вклучиле во битката за играчот за врска Френки де Јонг, кој е главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед. Тоа се случило при последните преговори на двата клуба за Маркос Алонсо и Цезар Аспиликуета, кои се големи желби на Чави.

Медиумите откриваат дека Челзи им ги понудил двајцата споменати играчи плус 60 милиони евра за холандскиот играч за врска.

Покрај тоа, „сините“ покажуваат интерес за уште двајца играчи на Барселона, Мемфис Депај и Сержињо Дест.

Боли беше снимен како влегува во ресторан во Барселона, на кој присуствуваа и претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта, Жорди Кројф и Матео Алеманиа. Запрашан зошто е во Барселона, Боли одговори: „Тука сум на вечера“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…