Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена вчера беше во Скопје каде што го промовираше работењето на „фондацијата Новак Ѓоковиќ“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јелена од македонската престолнина си заминува со преубави спомени и најави дека наскоро повторно ќе ја посети на Македонија.
„Преубави моменти со фондацијата во Скопје. Нѐ чуваа како охридски бисери! Ќе се вратиме по уште поголема доза на љубов, како за вас, така и за нас. Македонија, благодарам од срце за така убавиот дочек и љубов“, објави Јелена на нејзиниот Инстаграм профил.
Инаку, нејзиниот сопруг, Новак Ѓоковиќ во минатото често пати најавуваше дека сака да дојде во Македонија, посебно во Охрид, но и да одигра меч против најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски.