Дома Фудбал Германија Сопругата на Левандовски одлучи каде тој ќе ја продолжи кариерата

Сопругата на Левандовски одлучи каде тој ќе ја продолжи кариерата

Сопругата на напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, Аана, ги откри плановите за во иднина на нејзиниот сопруг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ана во раговор за еден медиум, соопшти дека нејзиниот сопруг, кариерата веројатно ќе ја заврши во САД, во редовите на ЛА Галакси.

Таму имаат намера да минат одреден период од животот, а се очекува полскиот напаѓач таму да ја заврши кариерата.

„Сакаме да минеме одреден период од животот во САД. Сонуваме за Лос Анџелес. Сакаме таму да развиеме бизнис, и се надевам дека Роберт ќе ја заврши кариерата во клубот од Лос Анџелес. Тоа е нашиот сон“, истакна Ана.

Левандовски зад себе има бурна кариера. Во почетокот имаше доста успеси и падови, но го препороди пристигнувањето во Лех Познан каде експлодира.

Потоа играше четири години во Борусија Дортмунд, а во 2014. година премина во редовите на Баерн во кој постигна 128 погодоци во 167 натпревари.

Договор со Баварците има до јуни 2021. година, но очигледно неговата сопруга многу очекува од кариерата на фантастичниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…