Дома Фудбал Лига на шампиони Сон Хеунг Мин – игра, молчи, погодува и воодушевува!

Сон Хеунг Мин – игра, молчи, погодува и воодушевува!

0

Toтенхем вчера во англиското дерби во Лигата на шампионите го сруши Манчестер Сити со 1:0 и направи чекор напред кон полуфиналето во ова натпреварување.

Спарсите во својот втор натпревар на новиот стадион вреден милијарда евра го совладаа актуелниот шампион на Англија благодарение на мајсторскиот погодок на Сон Хеунг Мин во 78-та минута од натпреварот.

На десетина минути пред крајот Тотенхем грчевито се бранеше од налетите на Сити. Се мирисаше на лесен гол за гостите и обезбедување на голема победа во првиот натпревар од четвртфиналето, но се случи спротивното.

Херој на Спарсите беше Сон Хеунг Мин. Неверојатниот Јужнокореец, со мајсторски погодок предизвика ерупција од воодушевување кај домашните навивачи. .

Ериксен на десната страна испрати одлична топка и го пронајде Сон кој со одличен дриблинг си направи простор и го матираше голманот Едерсон. Сон избегна офсајд и ја задржа топката во теренот. Главниот судија Бјорн Кјуперс се консултираше со ВАР околу тие две ситуации, но погодокот не беше поништен. Гол кој можеби ќе биде вреден полуфинале, останува да видиме што ќе се случува во реваншот.

Погодокот и одличниот настап на Сон беа само уште еден во одличната година која ја има овој фудбалер. На своето конто Сон има 20 голови и осум асистенции. Ја исфрли Германија од СП во Русија, ја предводеше Јужна Кореја до титула на Азиските игри. Ги постигна победничките голови против Њукасл и Вест Хем и вчера со својата мајсторија го реши првото четвртфинале.

Ако постоела награда кој оваа година направил најголем исчекор Сон сигурно би бил еден од главните конкуренти. Скромен и подалеку од светлото на рефлекторите, Сон можеби е и најблагодарниот играч на светот. Човекот молчи, игра погодува и воодушевува.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бурно лето во Мадрид: Еве кој заминува, а кој пристигнува!

Реал Мадрид сигурно ќе биде еден од најактивните клубови во текот на летниот преоден рок. …