Дома Фудбал Сон: Се чувствувам одговорен за отказот на Конте

Сон: Се чувствувам одговорен за отказот на Конте

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, призна дека чувствува одговорност за отказот кој го доби Антонио Конте.

Сон, кој има слаба сезона, се чувствува одговорен бидејќи требал да направи „многу повеќе“ оваа сезона.

Сон беше најдобар стрелец во Премиер  лигата минатата сезона со 23 гола и беше најзаслужен што тимот заврши во Топ 4.

„Како играч, многу ми е жал. Тој е тренер од прва класа и нашето заедничко патување беше одлично. Требаше да играм подобро. Се чувствувам одговорен за неговото заминување, бидејќи не му помогнав на клубот толку многу. Благодарен сум за тоа што го направи. Тој е одличен тренер со големо искуство. Ќе навивам за него“, изјави Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл се распрашува за Миранда, Јувентус ја следи истата цел

Левиот бек на Болоња е на радарот на Њукасл за јануари. Според „Тутоспорт“, англискиот клу…