Дома Топ вести Солскјер спреми богата понуда за ѕвездата на Интер

Солскјер спреми богата понуда за ѕвездата на Интер

0

Исто како и минатото лето, и во следниот трансфер период основна цел на „црвените ѓаволи“ ќе биде засилување на одбраната.

Солскјер најверојатно ќе добие перманентен договор и солиден буџет за засилувања, а норвешниот стратег има главна цел да донесе стопер од светска класа на „Олд Трафорд“.

На радарот на Манчестер Јунајтед веќе подолго време се Кулибали, Матијас де Лихт, Тоби Алдервилд, Костас Манолас и Милан Скриниар.

Англиските медиуми тврдат дека Скриниат е примарна мета во монентов и за таа цел „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 85 милиони евра.


Следете го Sportski.mk и на


Иако Скриниар и неговиот менаџер тврдат дека Словакот сака да остане во Интер, тој во овој момент е во преговори со „нероаѕурите“ за новиот договор.

Скриниар во Интер пристигна во 2017 година од Сампдорија за скоро 30 милиони евра, тогаш потпиша договор на пет години. Меѓутоа неговите евентуални претерани барања, но и примамливата понуда од Манчестер Јунајтед би можеле да ги натераат „нероаѕурите“ да го продадат.

Доколку Интер ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед 24 годишниот Скриниар би станал втор најскап дефанзивец на сите времиња. Најскап во овој момент е Вирџил Ван Дијк за кого Ливерпул плати скоро 88 милиони евра.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Герет Бејл го шокира Реал Мадрид

Зинедин Зидан на лето планира да прави голема реконструкција на тимот на Реал Мадрид, па н…