Дома Фудбал Останато Солскјер открива: Ме бараа Ливерпул и Баерн Минхен

Солскјер открива: Ме бараа Ливерпул и Баерн Минхен

Оле Гунар Солскјер го наследи Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед и имаше почеток како од соништата, меѓутоа потоа Јунајтед повторно се соочи со проблеми и ако се се собере Јунајтед под водство на Солскјер има променива форма.

Како што е познато Солскјер имаше блескава играчка кариера на „Олд Трафорд“ во која стана легенда и го носеше дресот од 1996 до 2007 и во тој период освои повеќе титули вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во сезоната 1998/1999.

Јасно е дека во една таква кариера Солскјер не би сакал ништо да промени, а сега откри дека имал понуди и од други клубови.

„Дали Ливерпул и Баерн се интересираа за мене? Да, покрај нив тука беа Каљари, ПСВ и уште неколку клуба. Но јас не би менувал ништо. Бев радосен кога дојде понудата од Манчестер Јунајтед. Сопствениците на Молде ме замолија да дојдам во канцеларија и ми претставија понудата, ме прашаа дали ми се допаѓа. Им одговорив дека е во ред. Следниот ден Јунајтед испрати приватен авион за да ме донесе“, изјави Солскјер за официјалниот сајт на Јунајтед.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Милер блиску до нов договор

Томас Милер е блиску до договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката, пренесуваа…