Tренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер во јануарскиот преоден рок би можел да добие пари за засилувања и освежување на екипата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако се зборуваше дека Солскјер како привремено решение нема да добие засилувања во јануари изгледа дека тоа сепак ќе се случи и Норвежанецот ќе има прилика да доведе играч по своја желба.
Како што пренесуваат англиските медиуми, мета на Солскјер е напаѓачот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ кој и претходно се поврзуваше со „црвените ѓаволи“.
Арнаутовиќ е желба и на уште неколку клубови како Рома или Челзи, но изгледа дека Манчестер во овој момент е најреалната дестинација.
Освен за Арнаутовиќ Солскјер наводно се интересира за Озил и Кулибали.
https://www.youtube.com/watch?v=gJGydv53sQA