Дома Топ вести Солари ја отпиша големата ѕвезда – тој бара трансфер веднаш!

Солари ја отпиша големата ѕвезда – тој бара трансфер веднаш!

Новиот тренер на „кралевите“ Сантиаго Солари не смета на услугите на офанзивниот играч за врска Иско.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа најдобро го покажа синоќа кога на натпреварот со Рома не го сврсти Иско ни на клупата, туку го испрати на трибините. Солари смета дека плејмејкерот не е спремен и не се залага доволно на тренинзите.

Шпанецот е бесен на таквиот потег, го загубил трпението и побарал трансфер од раководството уште во јануари.

Иско нема да има проблем да најде нов клуб, за него силен интерес покажуваат Манчестер Сити, Ливерпул и Јувентус. Денешното издание на „АС“ пренесува дека „кралевите“ за неговата слобода ќе бараат 90 милиони евра.

Останува да видиме дали Реал ќе се согласи да го пушти плејмејкерот на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…