Дома Фудбал Солари за Иско: Не одговарам на шпекуалции!

Солари за Иско: Не одговарам на шпекуалции!

Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари не сакаше воошто да ја коментира новонастанатата ситуација околу плејмејкерот Иско.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско ниту еднаш не се најде во стартниот тим откако на кормилото пристигна Солари, а на мечот против Рома беше испратен на трибините.

Медиумите пишуваат дека постои нетрпеливост помеѓу нив дцајцата и дека плејмејкерот одбил да се поздрави со тренерот после мечот на „Олимпико“.

„Не одговарам на секоја шпекулација. Имам на располагање 24 професионалци и мојата работа е да правам избор. Го правам тоа што сметам дека е најдобро за клубот. Сите сме важни, сите сме Реал Мадрид“, дипломатски одговори Солари пред утрешниот дуел со Валенсија.

„Знаеме дека Валенсија е многу организиран тим, тактички одличен и постигнува лесно голови. Ние треба да се сконцентрираме на нашата игра. Треба да бидеме агресивни од самиот старт и да победиме по секоја цена“, заклучи тренерот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…