Дома Фудбал Соиграч на Трајковски против Реал сруши рекорд во Ла Лига стар 80 години

Соиграч на Трајковски против Реал сруши рекорд во Ла Лига стар 80 години

Лука Ромеро од Мајорка вчера против Реал Мадрид постави рекорд во Ла Лига.

Ромеро настапи против Реал Мадрид и така го сруши рекордот стар 80 години поставен од Сансон во декември 1939 година. Во игра Мексиканецот влезе во 83. минута на местото на Ису Баба со само 15 години и 219 дена.

На Ромеро му се предвидува одлична кариера, а во Мајорка е од пред пет години. Инаку, негов татко е аргентинскиот дефанзивен играч за врска Диего Ромеро кој денес игра во Сан Вори во регионалните лиги во Шпанија.

Ќе потсетиме за Мајорка игра и македонскиот напаѓач Александар Трајковски кој вчерашниот натпревар го изгледа од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…