Aрон Гордон се согласи на продолжување на соработката со Денвер и според информациите на американските медиуми потпишал договор на четири години вреден 133 милиони долари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој потег Денвер обезбеди еден од своите најважни играчи, а соработката има важност до сезоната 2028/2029. Минатата сезона Гордон имаше просек од 13.9 поени и 6.5 скока и 55.6% шут.
Во Денвер пристигна во 2021 година, а претходно шест ипол години настапуваше за Орландо.