Дома Фудбал Останато Соиграчот на Алиоски: Конте ме излажа!

Соиграчот на Алиоски: Конте ме излажа!

Сегашниот соиграч на Езгјан Алиоски во Фенербахче Мичу Батушаи истакна дека бил излажан во преговорите со Челзи кога тренер на овој тим беше Антонио Конте.

Батшуаи на „Стенфорд Бриџ“ дојде во 2016 година од Марсеј за 39 милиони евра и откако не доби шанса да ги покаже своите квалитети беше испраќан на позајмици во Борусија, Валенсија, Кристал Палас Бешикташ и сега во Фенербахче.

За таквиот расплет на неговата кариера Батшуаи смета дека е одговорен Конте.

„Конте во текот на нашиот разговор беше контрадикторен. Ми кажа тогаш дека ќе играм во тандем со Диего Коста. Нормално му поверував затоа што и претходно играше со партнер во нападот. Во Челзи тоа не беше случај, не можев да разберам што се промени од нашиот разговор. Се чувствував излажан“, изјави Батушуаи.

Дресот на Челзи Батшауи го носеше на 77 натпревари, но на теренот во просек помина 31 минута. Во тие натпревари оствари учинок од 25 голов ии шест асистенции. Заминувањето на Конте од Челзи во 2018 година не влијаеше премногу на неговиот статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…