Дома Фудбал Останато Снимка која открива голема тајна: Не играше во финалето, но заслужен за титулата е колку и Иниеста! (ВИДЕО)

Снимка која открива голема тајна: Не играше во финалето, но заслужен за титулата е колку и Иниеста! (ВИДЕО)

Простувањето на Андрес Иниеста од Барселона донесе прилика кариерата на фантастичниот фудбалер да се погледне од повеќе агли. Токму поради на јавноста и беше откриена добро чувана тајна за освојувањето на првата и единствена титулата светски шампион на Шпанија.

„Фуријата“ светската титула за прв во својата историја ја освои во 2010 година во Јужноафриканската република. Во финалето ја победи Холандија со 1:0, а единствениот гол во 116 минута го постигна Андрес Иниеста.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак и еден друг човек е заслужен според многумина исто колку и него.

Во јавноста се појави снимка од голот и прославата од птичја преспектива, снимена од дрон. Гледајќи ја снимката после голот на Иниеста можеше да се забележи дека сите играши на Шпанија, како и оние од клупата, така и оние од теренот во еуфорија го прославуваа погодокот бидејќи Шпанија на четири минути пред крајот имаше предност и играч повеќе.

Но, снимката открива дека не го славеле голот на Шпанија баш сите играчи. Поточно, еден од нив голманот Икер Касиљас, а другиот Карлос Марчена. Резервниот дефанзивец, неискористената замена во финалето, стоеше на центарот опкружен со Холанѓаните, додека неговите соиграчи лудуваа од среќа. Дури кога неговите соиграчи се вратија, Марчена седна на клупата.

Се врати на местото каде што во текот на тоа Светско првенство не беше само десетина минута, колку што помина на теренот. Сепак после осум години и појавувањето на оваа снимка, Шпанците зборуваат дека Марчена за историската прва титула е еднакво заслужен како и стрелецот Иниеста.

„Видов како моите лудо го прославуваат погодокот и дека целосно заборавија дека треба да се вратат на нашата половина, додека Холанѓаните само чекаа да тргнат кон нашиот гол и осамениот Касиљас. Секако дека и јас сакав да славам заедно со ни, но одлучив да бидам на теренот и да не им дозволам на Холанѓаните да тргнат со топката. Бидејќи иако постигнавме гол се уште не бевме шампиони“, објасни Марчена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…