Поранешниот соиграч на Горан Пандев, Весли Снајдер зборуваше за квалитетите на македонскиот капитен, а тема беше и дуелот на Холандија со Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Против Холандија ќе се сретнеме во третото коло од групната фаза во Амстердам на „Јохан Кројф“ Арената.
Снајдер смета дека Пандев е потценет од страна на фудбалската јавност и дека треба да добие поголемо признанеи.
„Горан е фудбалер со фантастична лева нога и чувство пред голот. Покрај тоа што е одличен на теренот, тој е и одличен човек. Според мене често пати како фудбалер бил потценет“, смета Снајдер.
Има и порака за Холандија да не ја потцени Македонија.
„Сите видовме што и се случи на Германија. Мораме да влеземе сериозно во тој натпревар, само така можеме до победа“, порача Снајдер.