Дома Македонски спорт „Слушнав дека Алиоски не е среќен во Саудиска Арабија, ние го сакавме минатото лето“

„Слушнав дека Алиоски не е среќен во Саудиска Арабија, ние го сакавме минатото лето“

Во медиумите во Турција повторно се пишува за можноста Езгјан Алиоски да заврши во Трабзонспор.

Трабзонспор на големо се поврзуваше со Џани минатото лето кога заврши договорот на македонскиот фудбалер со Лидс. Сепак, Алиоски тогаш се реши за трансфер во Саудиска Арабија.

Сега кога во медиумите одново се актуелизираше веста дека Трабзон наводно го сака Џани, турските медиуми му поставија вакво прашање на претседателот на турскиот гклуб, Агаоглу.

„Слушнав дека Алиоски не е среќен во Саудиска Арабија. Ние сакавме да го доведеме изминатото лето, беше на нашата листа на желби. Требаше да размисли пред да оди таму“, изјави Агаоглу.

Во овој момент Трабзон е првопласиран тим во Турција со девет бода предност пред Коњаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…