Дома Македонски спорт „Случајот Поп Ацев“ – Поповски си поднесе оставка, ПФМ се правда!

„Случајот Поп Ацев“ – Поповски си поднесе оставка, ПФМ се правда!

0

Александар Поповски си поднесе неотповиклива оставка на функцијата член на Управниот одбор на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

Тој одлуката ја донел од морални причини во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев.

„Се работи за неправда која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев. Од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за Европското првенство кое се одржува во Глазгов и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото“, истакна Поповски

Од ПФМ во однос на овој случај наведуваат дека прелиминарна пријава била испратена уште на крајот од април за тројца пливачи и две официјални лица.


Следете го Sportski.mk и на


„Потврда не добивме, како би пратиле финална листа на учесници, затоа што од 7 јуни 2018 година до 31 јули 2018 година, ПФМ немаше право да користи сметки, печат и службена електронска пошта која беше замрзната заради чекање на конечна одлука од второстепена комисија по жалба за тоа, кој е легитимен претседател и раководство на ПФМ“, стои во соопштението од Федерацијата.

Од ПФМ наведуваат дека Поп Ацев „резултатски комплетно потфрлил во официјалните дисциплини десет километри и 25 километри“.

„Македонија мора да расчисти со лажни слики на величини создавани во последната декада, ако сака да има врвен спортски резултат во пливање и секој олимписки спорт“, се нагласува во соопштението потпишано од претседателот на ПФМ, Александар Маленко.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барди самоуверено за „АС“: Шутирам подобро од Кристиано Роналдо

Енис Барди минатата сезона покажа дека е мајстор за слободни удари, а така продолжи и во н…