Дома Фудбал „Случајот Мбапе“ ќе биде решен во петок

„Случајот Мбапе“ ќе биде решен во петок

Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) в петок ќе донесе одлука за финансискиот спор меѓу клубот Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе.

Францускиот фудбалер бара од ПСЖ 55 милиони евра, бидејќи тврди дека во последните месеци во парискиот клуб не добивал плата и бонуси како другите играчи. ПСЖ одбива да ја плати таа сума.

ЛФП првично му наложи на парискиот клуб да му плати на Мбапе, но ПСЖ поднесе жалба до Заедничката комисија за жалби и одлуката се очекува в петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…