Карим Бензема повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите во Франција. Овој пат ни крив, ни должен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, на Твитер профилот на француската репрезентација се појави честитка до Рафаел Варан на пласманот во финалето со Реал Мадрид, а случајно или намерно заборавен беше Карим Бензема.
„Рафаел Варан и Реал Мадрид го исфрлија Атлетико и ќе играат повторно во финалето од Лигата на шампионите“, гласеше објавата на популарната друштвена мрежа.
Навивачите го бараа одговорот, а набрзо истиот и стигна.
„Поздрав! Ви пренесуваме вести само за играчите кои настапуваа за Франција во последната година“, одговорија од сојузот на Франција.
Сепак потоа навивачите пронајдоа честитка до Лаказет од март и го потсетија сојузот дека тој последниот настап за Франција го имаше во 2015 година.
