Дома Фудбал Останато Случајно или намерно? ФИФА ги налути Србите со карикатурата за Мундијалот

Случајно или намерно? ФИФА ги налути Србите со карикатурата за Мундијалот

Промотивната карикатура која ја објави ФИФА како најава за Светското првенство предизвика многу реакции во српските таблоиди.

Причината е што на десната карикатура на сликата се наоѓа Гранит Џака, капитенот на Швајцарија со албанско потекло кој го гушка српскиот капитен Душан Тадиќ.

„Провокација или голем гаф“, се најголем дел од насловите на српските медиуми. Случајно или намерно, не е познато, но фотографијата секако предизвика бурни реакции.

„ФИФА ја шокираше Србија! Зошто нашиот Тадиќ е гушнат од провокаторот Џака?!“, пишува Ало.рс.

„Ако сте заборавиле, да ве потсетиме. На Светското првенство пред четири години Џака направи голем скандал кога „леташе орел“ (симболот на Албанија) после голот против Србија. За жал тие провокации беа казнети само парично“, се наведува во текстот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо: Да не беше Спортинг ќе работев во Мекдоналдс, морам да се оддолжам на тој клуб

Додека се шпекулира каде Роналдо би можел да игра во следната сезона, тој самиот откри во …